Димитриев: Реформата во безбедносниот сектор можеше да се изврши поквалитетно

171

За двата закони кои што се предложени, законот за трансформација на УБК во нова Агенција за национална безбедност и законот за координација на безбедносно- разузнавачката заедница, ВМРО-ДПМНЕ имаше проактивен и конструктивен пристап, изјави пратеникот Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Резултат од тој наш однос се усвоени над 60 амандмани од кои најголемиот дел се по предлог на опозицијата, односно на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе набројам неколку области кои што се изменети во однос на првичниот текст. Првата област е јакнењето на парламентарниот надзор врз новата Агенција за национална безбедност. Повеќе за Собранието преку совето надзорно тело нема да постојат тајни фондови кои што ќе бидат недостапни за контрола и за надзор. Со усвоените амандмани тајните фонодви на управата за безбедност и контраразузнавање ги ставаме на увид на надзорното тело. И целокупното финансиски работење на новата агенција ќе биде предмет на наконтрола на надзорото работно тело – рече Димитриев.

За јакнењето на надзорот од страна на Собранието, рече тој, е тоа што раководителот на внатрешната контрола на новата агенција за национална безбедност ќе биде именуван на предлог на директорот меѓутоа соодветно на добиена согласнот од надзорното тело во Собранието. Ова е предлог затоа што сметаме дека раководителот на внатрешната контрола треба да биде човек со многу силен интегритет и професионален однос да не зависи од тој што го именува.

–  Се подобруваат на човековите права во областа на на процесот на селекција и екипирање на новата агенција. Во делот на безбедностите проверки кои што ќе бидат неопходни за вработување на новите кадри на агенцијата, вградивме механизам кои што дава втора шанса. Значи секој кандидат кој што при првата безбедносна проверка ќе се констатира дека постои безбедносен ризик има право во рок од 48 часа да побара повторена постапка, во однос на повторената постапка ќе бидат стручни нови лица, значи нема да ја прават таа  постапка истите лица од претходната постапка. Ако повторената постапка утврди дека кадниднатот ги иполнува услвите за ангажирање тој автоматски се вработува. Доколку и при повторената постапка се увиди дека кандидатот не може да добие безбедноста дозвола тогаш на тие лица кои што ги исполнвуаат сите други законски обврски да работат им се дава шасан да бидат вработени во друг државен орган согласно нивните квалификации – рече Димитриев.

Според него, една од клучните области на кои што обрналењ внимание е тоа што се вметнува механизме секаде каде што се споменвува кадровската политика за спречување на судир на интереси, особено при именување на раководните стуктури

– Прецизно го дефиниравме и начинот за прибирање на тајни податоци што сметаме дека една од главните работи на овие институции и за прв пат во историјата на фукнционирањето на нашите служби воведуваме задолжително полиграфско тестирање за вработените, по приемрот на многу земји од НАТО и ЕУ полиграфот ќе биде нешто кое ниеден вработен во агенцијата не може да го одбие зако за тоа добие налог од раководната структура. Сметаме дека вкрстенот полиграф со психолошко теситрање значително ќе влијае на кредибилитетот на самите вработени – рече тој.

Во делот на закон за координација на безбедносно-разузнавачката заедница главен фокус бил да интервенираат ова тело кое што ќе го раководи премиерот да не биде парлалено тело на националниот совет за безбедност. Во првчниот текст беа ставени ингеренции кои што оде во прилог да се направи паралелизам во помеѓу овие два органа. Беа ставен алинеи кои што гласеа дека разгледува и одлучува за стратешки работи, значи се што се однесуваше во водење на стратешка улога ние го тргнавме и го сведовме исклучиво на оперативно ниво односно на ниво на координација.

– Нашит став е дека реформата во безбедносниот сектор можеше да се води на многу поквалитетен и порационален и сопфатен начин, со тоа што ќе ги сработевме сите закони кои што ја тангираат оваа сфера. Ние денеска веројанто ќе усвоиме два закони од оваа област меѓутоа имаме постигнато договор со СДСМ дека во наредниот период ќе ги донесеме законите за национален совет за безбедност и новиот закон за агенцијата за разузнавање – рече Димитриев.

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...