Де Геа одби 350 илјади фунти неделна плата

849
ФОТО: EPA / WILL OLIVER

Шпанскиот голман Давид де Геа најверојатно ќе го напушти Манчестер јунајтед, откако ја одби последната понуда за продолжување на договорот. Раководството на клубот од „Олд Трафорд“ му понуди Шпанецот 350.000 фунти седмична плата, а тој наводно барал 500.000.

Дваесет и осумгодишниот Де Геа има важечки договор со Јунајетд до летото 2020 година, но тешко дека ќе остане да брани и следната сезона.

Интерес за него покажува ПСЖ и веќе се шпекулира дека на адреса на премиерлигашот е стигната понуда од 60 милиони евра, а на голманот му е понуден договор од 24 милиони по сезона.

ФОТО: EPA / WILL OLIVER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...