Рестораните на познатиот готвач Џејми Оливер се пред затворање, а 1.300 луѓе би можеле да останат без работа. Оваа група вклучува синџири на ресторани Џејми Италијан, Барбако и “15” кои најверојатно ќе бидат затворени поради долгови.
– Знам колку тешко паѓа ова на сите. Сакам да им се заблагодарам на сите што доаѓаа во нашите ресторани и не поддржуваа во последниве години. Ми беше чест да ви служам – изјави Џејми Оливер.
Тој изјавил дека синџирот Џејми Италијан бил отворен во 2008 година со намера да понуди нешто ново на пазарот на ресторани достапни за голем број луѓе во Велика Британија.
– Сакавме луѓето квалитетно да се хранат. Имав среќа да ја споделам својата страст со одличен тим. Мислам дека успеавме во тоа.
Џејми Оливер објави бројни книги за готвење, а неговите телевизиски емисии се многу гледани низ целиот свет. Започна и кампања за здрава исхрана во училишните кантини.
Меѓутоа, во последниве две години работата на Оливер била лоша. Веќе морал да затвори неколку ресторани. Го затвори ресторанот Union Jacks и го затвори магазинот “Џејми”, кој излегуваше скоро 10 години.
Морал да инвестира три милиони фунти за да вложи за останатите ресторани да продолжат да работат.