Владата на денешната седница одобри државна помош за нова, десетта странска инвестиција според новите мерки за поддршка.
Владата, како што се наведува во соопштението, ја одобри одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината, со нацрт – договор за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за производство, трговија и услуги БАУМЕР ДООЕЛ Скопје, чија матична компанија е Баумер Холдинг АГ од Швајцарија. Ова е десетта поддршка за странска инвестиција според новата програма за поддршка на економскиот план на Владата.