Двајца дипломати, избркани од МНР поради 27 април, вратени на работа со отштета

1914

Двајца дипломати кои биле избркани од Министерството за надворешни работи поради учество во настаните во Собранието на 27 април 2017 година, се вратени на работа.

Дисциплински постапки против тројца дипломати биле покренати по мислење дека постапиле спротивно на Етичкиот кодекс и дека го нарушиле угледот на професијата дипломат, на Министерството и на државата. На тројцата им била изречена дисциплинска мерка – престанок на работен однос. За третиот дипломат постапката сѐ уште е во тек.

На избрканите, па вратени, дипломати ќе им бидат исплатени неисплатените плати и придонеси.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...