Партијата Алтернатива, на Африм Гаши не го дава Министерството за култура, во кое тие ја имаа челната позиција со министерот Асаф Адеми кој најави дека се повлекува од здраствени причини, но се уште ја извршува функцијата до реконструкцијата.
Во најавената владина реконструкција, партијата на Гаши бара да го има истото министерство, но неофицијално, ако стане збор за каква било трапма, тогаш би можело да го прифатат Министерството за транспорт и врски.
Дека Министерството за култура останува на Алтернатива потврди и министерот Адеми, кога неоамна најави дека ќе се повлече од фунцијата, но во партијата засега не потврдуваат дека имало какви било разговори за трампа со друг ресор, а за тоа не било разговарано ниту на највисоките партиски тела.
Во Министерството за култура за две години се сменија двајца министри. Адеми дојде на оваа функција на местото на Роберт Алаѓозовски, кој сега е национален координатор за култура.
Премиерот Зоран Заев вчера од Виена порача дека владината реконструкција ќе се случи во првата половина на јуни и потврди дека ќе има промени и во владејачката партија.