Хируршкото одделение во струшката општа болница е затворено откако половина од вработените заболеле од мали сипаници, морбили.
– Вчера се донесе одлука привремено да биде затворено хируршкото одделение и да не се примаат пациенти кај нас, односно да се препраќаат во најблиските болници каде треба соодветно да се згрижат. Во Македонија е прогласена епидемија на морбили, но интересна работа е што скоро 50% од нашиот медицински персонал се разболе од морбили и е фактички нефункционален – изјави Владимир Кочовски, началник на хируршко одделение за Алсат М.
Итните случаи ќе се препраќаат во Охрид или во други болници.