Дескоска со златната метла ќе ги смете криминалот и корупцијата

250

Златната метла во правда може да биде за метење криминал и корупција, напиша на Фејсбук министерката за правда Рената Дескоска и се заблагодари за како што вели златниот подарок- златна метла.

Метлата во правда беше ставена до споменикот на божицата на правдата, Јустиција.

– Се надеваме дека со носењето на Законот за Јавното обвинителство ќе се исполни оваа насушна потреба на граѓаните. Затоа, охрабрете се – заедно да го изгласаме и да создадеме можност да се измете криминалот и корупцијата, напиша Дескоска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...