Пендаровски – Гаши: Конструктивен дијалог за реформската агенда

66

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска во вила Водно се сретна со лидерот на владеачката Алтернатива, Африм Гаши.

– На средбата беше посочена потребата од конструктивен политички дијалог меѓу сите политички чинители во земјава, во функција на реализација на реформската агенда, а со цел напредок на државата во европските и евроатлантските интеграции, стои во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

Пендаровски укажал дека сите политички субјекти треба да дадат свој придонес во периодот кога државава очекува одлука за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...