Премиерот Зоран Заев во однос на реакциите околу градежните работи на Алипашината џамија во Охрид денеска изјави дека верува оти низ дијалог ќе се изнајде решение.
– Ова е типичен пример на верска потреба која се јавува кај одредена група граѓани. Само заедно можеме да го решиме тоа. Ќе продолжиме да разговараме. Институциите мора да се почитуваат – изјави Заев по денешната дебата за нацрт текстот на Националната стратегија за развој на коцептот за едно општество и мултикултурализам.
Нагласи дека нема никакви ветувања. Ветувањата, истакна, беа да седнеме и низ разговор да го решиме овој проблем.
– Охрид е пример на соживот, пример на „Едно општество за сите“ за што денеска говориме преку Нацрт националната стратегија – подвлече премиерот Зоран Заев.
Инаку, клучен проблем со Алипашината џамија во Охрид е минарето што треба да биде високо 32 метри чија изградба не е дел од конзерваторско-реставратотските работи на објектот.