Ќе се снима филм за животот на младиот Трамп и татко му Фред

94
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот режисер Џејмс Греј соопшти дека ќе снима филм за животот на американскиот претседател Доналд Трамп во неговите млади години.

Работниот наслов а проектот е „Време за Армагедон“ (Armageddon Time), ќе го прикаже „младиот Доналд Трамп и неговиот татко Фред, тајкун во секторот на недвижнини“, стои во соопштението.

Греј, исто така, ќе биде сценарист за филмот. Тој ќе се снима во приватното училиште Ки Форест во Квинс, Њујорк, каде што Трамп е роден и израснат. Според продуцентот Родриго Тешеира, со овој филм, Греј сака да го овековечи и своето детство во Квинс, каде што Фред Трамп бил влијателен член на заедницата.

Режисерот претходно има снимено два полу-автобиографски филма – „Малата Одеса” и „Ние владееме со ноќта”, коишто привлекоа доста големо внимание во Квинс, особено кај младите луѓе.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...