Поради штрајк откажани над 300 летови на „Алиталија“

67

Италијанската авиокомпанија „Алиталија” откажа повеќе од 300 летови поради штрајк на пилотите и стјуардесите, соопшти авиопревозникот.

– Поради 24-часовниот штрајк што го објавија некои италијански синдикати на вработените од тој сектор, што се одржува на 21 мај, „Алиталија” е принудена да откаже половина од летовите за овој датум – се прецизира во коминикето.

Над 300 летови – главно домашни и меѓународни, се откажани, а некои од нив биле во распоредот за синоќа, а други се предвидени за утре рано изутрина. Во исто време штрајкуваат и вработени во неколку аеродроми во Италија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...