Поранешниот светскиот шампион во Формула 1, Нико Розберг изрази сочувство во врска со смртта на легендата во овој спорт Ники Лауда.
– Почитуван Ники. Ви благодарам за сето она што го направивте за мене. Научив многу од вас. Вашата страст, борбен дух и желбата да не се откажувате, па дури и вашето трпение кон нас, помладите. Јас и сите твои 100 милиони навивачи ширум светот, кои исто така ги инспирираше да не се откажуваат во тешки времиња, мислам на вас и на вашето семејство. Почивај во мир – напиша Розберг на неговиот Инстаграм.
Ники Лауда почина вчеравечер на 70-годишна возраст. Беше трикратен светски шампион во Формула 1.
ФОТО: EPA / ALEJANDRO GARCIA