Софи Турнер и Џо Џонас се разделиле на кратко, пред да се венчаат во Лас Вегас во почетокот на месецов.
Ѕвездата на „Игра на престоли“ за британскиот „Д Тајмс“ вчера кажала дека имала расправија со пејачот.
– Беше најлошиот ден во нашите животи. За секунда двајцата бевме рамнодушни, но по 24 часа се смиривме – рекла Турнер.
Таа мислела оти причина за разделбата е нејзиното ментално здравје, тема на која 23-годишната актерка зборувала отворено. Турнер појаснила дека Џонас го сретнала во многу тежок период во нејзиниот живот.
– Ментално бев многу лошо. Тој ми рече нешто како „Не можам да бидам со тебе додека не се засакаш самата, не можам да гледам како ме сакаш повеќе од себеси“. Мислам дека тој ми го спаси животот, на некој начин – додала актерката.
Таа и претходно зборувала за тоа како тој помогнал во нејзината борба со депресијата.
– Кога некој ти вели дека те сака секој ден, прави да се запрашаш зошто е тоа така, па мислам дека придонесува да се засакаш повеќе – кажала таа во април во емисијата на Фил МекГру.
Таа исто така сметала оти улогата која ја игра во серијата на Ејч-Би-О допринела за нејзината сила да се соочи со сопствените проблеми.
ФОТО: EPA / JASON SZENES