Се повеќе семејства во Британија немаат доволно храна за живот

97

Британската Влада ги прекршува своите обврски според кои на семејствата треба да им обезбеди доволно храна за живот, се наведува во новиот извештај на Хјуман рајтс воч.

Според извештајот, намалувањата во социјалната помош на земјата поради штедење откако Конзервативната партија дојде на власт во 2010 година, довеле до тоа илјадници семејства со деца да немаат соодветна храна, јави Си-Ен-Ен.

Како резултат на тоа, семејства почнале се повеќе да се потпрат на хуманитарни организации.

– Велика Британија е петта по големина економија во светот, и навистина е неверојатно што во таа земја од година во година се поголем број семејства се гладни – изјави за Си-Ен-Ен, Картик Раж, истражувач на Организацијата за Западна Европа и автор на извештајот.

Раж рече дека британската Влада ја избегнувала сопствената одговорност кога станува збор за заштита на човековите права на храна.

Зависноста од хуманитарна помош е зголемена во текот на изминатите 10 години, а дистрибуцијата на пакети храна е зголемена за 5.146 проценти, се вели во извештајот, повикувајќи се на статистиката на Трасел Траст, најголемата британска добротворна организација која дели храна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...