Денеска сонце, но условите за дожд не нѐ напуштаат

164

Времето во земјава денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од четири до 12 степени, а дневната температура од 13 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 24 степени.

Утре ќе биде стабилно и суво. Во четврток попладне и во петок повторно ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...