Светската здравствена организација врши истрага за злоупотреби на свои вработени за речиси 200 милиони долари.
СЗО потрошила 192 милиони долари за патни трошоци минатата година, при што вработените ги нарушиле сопствените правила на агенцијата со патување во бизнис-класа, резервација на скапи билети за последната минута и патување без потребните одобренија.
Вонредни и несоодветни расходи при патувања доведоа до истрагата и мерките на раководството.
Од 2017 година, СЗО се ангажира да ги намали таквите злоупотреби и оттогаш имаат пад од четири отсто.