Обвинителството бара притвор за Бугарин што криумчарел мигранти

90

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, бугарски државјанин, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело криумчарење на мигранти.

– Осомничениот во текот на вчерашниот ден од користољубие, илегално пренесувал осум лица – мигранти со потекло од Ирак. Тој, со товарно комбе „форд транзит“ со бугарски регистарски таблички, со цел илегално да ги превезе до западно европските земји ги прифатил мигрантите во Солун. Во импровизиран бункер во кровниот дел на возилото ги сместил во легната положба и поминувајќи го граничниот премин Богородица, преку автопатот Е-75 пристигнал на граничниот премин „Табановце“. При контрола на возилото од страна на македонските царински службеници осумтемина мигранти биле откриени, а возачот е лишен од слобода – информираат од Основното јавно обвинителство.

Надлежниот обвинител, ценејќи дека се исполнети условите, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје доставил предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.

Судијата го прифатил предлогот и со решение е определена мерка притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...