Крилото на Движењето Беса предводено од Африм Гаши го обвини крилото на Беса предводено од Билал Касами дека манипулира дека Касами го добил судскиот спор за партијата.
– По појавувањето на фалсификаторите на претходната документацијата на Движењето Беса, кои денес за јавноста се изјаснија дека наводно ја добиле легалноста на партијата, објаснуваме дека ова е само уште една измама од нивна страна. Станува збор за првостепена одлука, која е донесена врз фалсификуваните документи од претходниот правен застапник на Беса. Судскиот спор продолжува – најави Гаши.
Крилото на Гаши очекува Основниот суд набрзо повторно да се произнесе по одлуката на Управниот суд за фалсификување на документи и нивно поништување, а се очекува и разрешница од кривичната пријава доставена до Јавното обвинителство кон „фалсификаторот“. Според него, по ова би следела и промена на првостепената одлука.
– Го повикуваме членството и подржувачите на Движењето Беса да не подлегнуваат на измамите на фалсификаторите и на крај стануваат заложници на нивното фалсификување, како што се случило и претходно со некои други политички субјекти – рече Гаши.