Пендаровски-Касами: Да се насочиме кон стратешките цели

193

Сите политички субјекти, и од власта, и од опозицијата, да го насочат своето делување во интерес на остварувањето на стратешките цели на Република Северна Македонија – членството во Европската Унија и во НАТО, како важен предуслов за стабилна, просперитетна и развиена држава.

Ова било истакнато денеска на средбата меѓу претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, и лидетот на политичката партија Движење Беса, Билал Касами.

– Сите релевантни политички субјекти во Република Северна Македонија во периодот што претстои треба да демонстрираат одговорност и да го дадат својот придонес во исполнувањето на реформската агенда, која е во интерес на граѓаните – истакна претседателот Пендаровски на средбата.

Претседателот на Движењето Беса, Касами, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, упати честитки до претседателот по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...