Британскиот политичар Најџел Фараж, познат по евроскептичните ставови, денеска на улица беше погоден со милкшејк додека беше на пат кон Њукасл.
При инцидентот, член на обезбедувањето го повлече настрана Фараж, а полицаец го совлада напаѓачот.
На снимката која се споделува на социјалните мрежи се слуша глас на маж како му вели на Фараж „фашист“.
– Како не го запревте – ги праша Фараж своите телохранители откако беше погоден со часа полна со слаткиот напиток.
На крајот, Пол Кровтер, (32) призна дека го погодил политичарот со милкшејк од банана и карамела.