Директорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р Катерина Ставриќ, си поднесе оставка од функцијата.
Министерот за здравство, Венко Филипче, ја потврдил информацијата за ТВ 24 .
Оставката д-р Ставриќ ја поднела уште пред изборите, како што се наведува, поради лични причини.
Во врска со тоа кој ќе ја наследи директорката – министерот изјавил дека Клиниката располага со доста стручен кадар и доколку Ставриќ остане на одлуката да се повлече од функцијата, допрва ќе се одлучува кој ќе ја наследи.