Пендаровски – Ахмети: Сите да се насочат на исполнување на европската агенда

137

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска бил на гости кај шефот на државата Стево Пендаровски.

Од кабинетот на претседателот на државата информираат дека двајцата соговорници размениле мислења за актуелните случувања во државава.

– Претседателот Пендаровски укажа на потребата во периодот што претстои сите политички чинители да имаат одговорен пристап и да ги насочат своите капацитети кон исполнување на реформската агенда, а со цел отпочнување на пристапните преговори за членство со Европската унија, стои во соопштението.

Пендаровски порачал дека Република Северна Македонија е исправена пред историска шанса да се потврди како партнер и рамноправен дел од најзначајните сојузи во светот – Европската унија и НАТО.

– Тоа е единствениот пат кој води кон стабилност и просперитет на државата и на регионот. Потребно е сите политички фактори во Република Северна Македонија да се насочат кон помирување и обединување околу стратешките цели на земјата – порача Пендаровски.

Ахмети, упатил честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посакал успех во работата.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...