Американски обвинители запленуваат лични работи на Асанж од Амбасадата на Еквадор

Адвокатите истакнаа дека се работи за незаконска заплена на имот, која ја побарале властите на САД. Како што наведоа, меѓу материјалите се и два ракописи на Асанж.

111
ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Личните работи на Џулијан Асанж од времето додека живееше во Амбасадата на Еквадор во Лондон ќе им бидат предадени на американски обвинители, соопшти денеска Викиликс.

Еквадорски функционери тргнале кон Лондон за да им одобрат на американски обвинители да се „послужат“ со предметите, вклучувајќи и правни документи, медицински извештаи и електронска опрема, пренесува „Гардијан“.

Викиликс наведува дека на претставници на ОН и на адвокатите на Асанж им е забрането да присуствуваат.

Адвокатите истакнаа дека се работи за незаконска заплена на имот, која ја побарале властите на САД. Како што наведоа, меѓу материјалите се и два ракописи на Асанж.

Асанж е во затвор во Лондон каде отслужува казна од 50 недели поради кршење на условната слобода. Следниот месец судот ќе одлучи за барањето на САД за негова екстрадиција.

И шведскиот обвинител кој ја води истрагата за обвинението за наводно силување против основачот на Викиликс денеска поднесе барање за негово апсење, соопшти обвинителството.

Налогот за апсење, доколку биде издаден, ќе биде прв чекор во процесот кој би резултирал со екстрадиција на Асанж во Шведска од Велика Британија.

ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...