Со помош на фотографии од граѓани Карпош пријави две фирми кои фрлале шут во Бардовци

630

Пријавивме во полицијата два правни субјекта кои фрлале отпад на јавни/приватни површини и коишто придонеле за загадување на животната средина. Пријавата уследи откако граѓани кои живеат во делот на Бардовци, доставија фотографии и информации за однесувањето на фирмите кон животната средина. Патем, приложени се фотографии и други информации кои ќе помогнат во пронаоѓање на овластените претставници на фирмите, соопшти Општина Карпош.

– Сакаме да ја информираме јавноста дека нема да има толеранција за оние кои фрлаат отпад и шут, без разлика дали станува збор за физички или правни лица, односно фирми – велат од Општината.

Од таму додаваат дека ќе продолжат да преземаат активности, но и самостојно, на терен, да ги казнуваат загадувачите. Во соработка со полицијата и со другите инспекциски органи, ќе инсистираме на интензивна и постојана борба со оние кои ја загрозуваат животната средина.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...