Хан оптимист за датум и за отворање на првите поглавја

150

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, очекува Северна Македонија да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија, а до крајот на годинава да бидат отворени и првите поглавја.

Хан во обраќањето на дебатата „Нови перспективи за Република Северна Македонија“ во организација на Виенскиот економски форум, кажа дека земјава е единствената во Западен Балкан која нема спорови со соседите и е политички најстабилна во регионот.

Нагласи дека Северна Македонија е позитивен пример како можат да се решаваат проблемите и охрабрување за надминување и на другите спорови особено меѓу Белград и Приштина.

Еврокомесарот Хан порача дека без решавање на билатералните проблеми нема членство во ЕУ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...