Жбогар: Убеден сум дека Европската комисија ќе препорача преговори со Македонија

311

Следната недела Европската комисија ќе го објави Извештајот за состојбите во земјава и мислам дека тој ќе го одразува огромниот напредок што беше постигнат во државата изминатата година. Јас сум убеден дека извештајот ќе препорача отворање преговори со Република Северна Македонија, рече денеска евроамабасадорот Самуел Жбогар, одговарајќи на прашањето на МИА дали земјава ќе добие позитивен извештај и датум за преговори.

Тој додаде дека одлуката за отворање на преговорите ја носат земјите членки на ЕУ врз основа на извештајот на ЕК.

– Таквата одлука очекуваме да се случи во јуни и се надеваме дека токму тоа ќе се случи. Сметам дека земјата во измината година навистина ја покажа својата посветеност на Европската Унија и на реформите. Се донесоа некои важни одлуки и опозицијата и Владата работат на многу важни закони и сметам дека имате со што да се пофалите и се надевам, исто така, дека ќе бидете пример во регионот за земја која е посветена на реформи – рече евроамбасадорот Жбогар, кој денеска беше во Струмица на културно-уметничкиот проект „Уметност и вода – магија на животот“ што се одржа на Пречистителната станица за отпадни води.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...