Поранешната телевизиска ѕвезда и актер Володимир Зеленски (41), кој минатиот месец победи на претседателските избори во Украина, денеска положи заклетва на церемонија во украинскиот Парламент во Киев.
Зеленски, чиј мандат ќе трае пет години, ја смени традицијата и до Парламентот дојде во свечена поворка и прошета нив паркот полн со луѓе.
Следен од четворица телохранители, тој се поздравуваше со минувачите и застануваше да направи селфи.
Популарниот комичар го победи својот противкандидат, досегашниот претседател Петро Порошенко.
ФОТО: EPA / SERGEY DOLZHENKO