Деветнаесетгодишниот Лејн Харди од Луизијана е победник на 17. сезона на „Американски идол“. Во финалето се бореа и Алехандро Аранда и Мадисон Ванденбург.
Харди на ова музичко шоу се пријави минатата година, но беше исфрлен од натпреварувањето и не влезе во најдобрите педесет кандидати. И покрај тоа што оваа година тој не се пријави на аудициите, ами само ја придружуваше својата пријателка, жирито не можеше да се фокусира на неа, сето внимание му го посвети нему.
Кејти Пери тогаш му рече дека тој може да победи, а сега тоа се оствари.
ФОТО: Инстаграм