Клајберн прогласен за МВП на „Фајнал фор“ во Евролигата

100

Кошаркарот на ЦСКА Москва, Вил Клајберн, е прогласен за најкорисен играч (МВП) на финалниот турнир од Евролигата.

ЦСКА го освои трофејот по синоќешниот триумф со 91:83 над Анадолу Ефес. Во финалето Американецот постигна 20 поени и, заедно со Кори Хигинс беа најдобри стрелци во својот тим.

Рускиот кошаркарски великан го освои осмиот наслов европски шампион и сега е на само два трофеја зад најдобриот тим Реал Мадрид кој има 10 трофеи. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...