Облачно со повремен дожд, грмежи и ветер

348

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, особено во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 15 до 26 степени.

Во Скопје, облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...