Почна 40. собраниска седница, на дневен ред преку 60 предлог-закони

261
20130131 Thursday 1148 pratenicki prasanja i ladna (dzingovaca) vp sobranie

Три барања на автентични толкувања и две одлуки – за давање согласност за измени на Статутот на Комисијата за хартии од вредност и на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза, беа усвоени на денешното продолжение на 27. собраниска седница.

Пратениците потоа усвоија и една точка од дневниот ред на осмата седница чие продолжение, како што рече спикерот Талат Џафери, ќе биде дополнително закажано.

Џафери ја отвори и 40 седница на која има околу 60 точки, соопштувајќи дека неколку од предлог-одлуките на дневниот ред се повлечени.

Пратениците претходно, во рамки на 38. седница, поддржаа околу 40 предлог-закони во прво читање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...