Полицијата за пет часа казни 12 моторџии

599

При зајакнати акциски контроли на полицијата, вчера од 14 до 19 часот полициските службеници откриле 12 прекршоци.

Еден за управување мотоцикл без возачка дозвола, два со- измината важност на сообраќајна дозвола, три за управување со несоодветна категорија и шест за управување без заштитен шлем (кацига).

Контролите се спроведени од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи, а за прекршоците издадени се 12 прекршочни платни налози.

Од МВР информираат дека дополнително се откриени уште 97 останати прекршоци и за 62 од нив издадени се мандатни платни налози и за 35 прекршочни платни налози.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...