Мадона испеја фалш и се вмеша во политика ВИДЕО

3335

Мадона на Евровизија пеше фалш во настап кој, како шо пишуваат светските медиуми, чинел милион евра.

Мадона, на евровизиската грандиозна бина изведе две песни, хитот „ Like a prayer”, кој годинава го слави 30 роденден и новата песна „ Future” на која гостуваше и раперот Куаво од бендот Мигос.

Освен што фалшираше, Мадона предизвика реакции и поради нејзиниот перформанс.

Танчерите за време на настапот ги развија знамињата на Израел и Палестина за што претходно немале добиено одобрение од организаторите, а тоа предизвика реакции дека пејачката се вмешала во политика, каде што не ѝ е местото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...