Загина струмичанец во сообраќајка

210

Околу 10.40 часот вчера на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово, патничко возило „Фиат Браво“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Г.(61) од Босилово, излетало од патот и удрило во дрво.

Од здобиените повреди, возачот И.Г. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...