„Сантијаго Бернабеу“ е прогласен за најпосетен стадион во светот

Се проценува дека домот на Реал вреди околу 1,5 милијарди евра, а тој на Јунајтед околу 1,3 милијарди евра.

175

И покрај лошата сезона годинава, шпанскиот кралски клуб има причина за славење, откако „Сантијаго Бернабеу“ е прогласен за најпосетен стадион во светот.

Стадионот на Реал Мадрид, според „Бренд финанс“ успеал да го освои првото место и по присуството на навивачите, оставајќи ги зад себе тие на Тотенхем и Манчестер јунајтед.

Според истиот извор, „кралевите“ се прогласени најскапоцен бренд во светот, според интересот на медиумите и влијанието на еден натпревар во текот на сезоната, а зад нив се „црвените џаволи“.

Се проценува дека домот на Реал вреди околу 1,5 милијарди евра, а тој на Јунајтед околу 1,3 милијарди евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...