Груевски уште некој ден ќе биде пратеник, Богоевски не закажа седница за понеделник

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Богоевски по  скандалот со неговата наводна набавка на кокаин или масло од канабис за медицински цели.

401

Претседател на собраниската Комисија за мандатно имунитетни работи, Павле Богоевски ја закажал па ја одложил седницата на комисијата на која треба да се расправа за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.

Богоевски предност им дал на работата на  другите собраниски комисии пред да ја закаже седницата на Комисија за мандатно имунитетни работи.

На пратеникот Никола Груевски, по шестмесечното неоправдано отсуство, му следува разрешување.

Според Деловникот рокот за одржување на седницата на комисијата истекува првите денови од јуни.

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Богоевски по  скандалот со неговата наводна набавка на кокаин или масло од канабис за медицински цели.

8-те независни пратеници побараа од претседателот на Собранието Талат Џафери да  овозможи доброволно да се спроведе нарко тестирање на пратениците, но тој не ја прифати иницијативата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...