Црквата во универзитетскиот кампус во Приштина може да стане „музеј на српските злосторства“

Барањето на студентите уследи по најавата на претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели дека во Приштина ќе се гради таков музеј.

507

Косовската невладина организација Студентска демократија бара од Собранието на Косово да ја пренамени православната црква во кампусот на Приштинскиот универзитет, што српските власти почнаа да ја градат пред војната во деведесеттите години на минатиот век, во „музеј на воените злосторства“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Барањето на студентите уследи по најавата на претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели дека во Приштина ќе се гради таков музеј.

„Ние, студентите, бараме објектот во кампусот на Приштинскиот универзитет, кој е изграден насилно од балканските касапи Слободан Милошевиќ и Жељко Ражњатовиќ – Аркан, да служи како музеј на воените злосторства што ги изврши Србија врз цивилното население во Косово“, се вели во соопштението на студентската организација.

Претседателот на Студентска демократија, Меџит Рамуса најави дека ќе се соберат голем број потписи од студентите и барањето ќе се упати до Собранието на Косово, со цел да се изгради музеј, затоа што недоизградената црква „го симболизира насилството и етничкото чистење на Косово“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...