Ужас, камион удрил ноќва во бетонски столб на старата наплатна патарина Градско. Информацијата за сообраќајката за Плусинфо ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Товарно возило удрило во бетонски штитници од кабините на патарините. Возачот е повреден и пренесен во болница Велес – рече Додевски.
Засега нема повеќе детали околу сообраќајната несреќа.