Мицкоски: Функционерите иако признаваат дека не успеале, никој не си поднесува оставка

342

Граѓаните се разочарани и се свесни дека власта не ги испорачува резултатите. Големите очекувања кои ги создава оваа власта за операцијата метла ќе донесе големи разочарувања, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Општинскиот комитет Аеродром.

– Функционерите на власта велат ја научиле лекцијата од минатиот период на неработа, дека ја примиле пораката, дека ќе следуваат промени, но никој од нив не вели не успеав да испорачам резултати и да ги исполнам барањата на граѓаните, си поднесувам неотповиклива оставка бидејќи сум неуспешен. Сите закотвени во функциите, целосно свесни дека не успеале, и не ги бива чекаат деспотот да види што ќе одлучи, па ако може уште некое време да ги користат повластувањата од функцијата и да продолжат да не работат – вели Мицкоски.

Според Мицкоски, власта на чело со Зоран Заев нема морален компас, за овие луѓе моралот како вредноста категорија не постои, туку единствено се заинтересирани за бенефициите кои ги носат функциите и позициите.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...