Основното јавно обвинителство побарало од Русија да помогне за откривање на идентитетот на лицето кое се крие зад псевдонимот Илија Громовник, кој објавува нови „бомби“ поврзани со луѓе од политичкиот и бизнис врвот на Македонија, пренесува 1ТВ.
Доколку Русија не се огласи, ОЈО ќе се обрати до Интерпол и ќе побараат да стапи во контакт со тамошните власти за да се обезбедат информации за објавувачот на аудио снимките.
Ако и напорите преку Интерпол да се влезе во траг и да се спречи Громовник не успеат, тогаш обвинителството ќе бара меѓународна правна помош – процес што би траел многу подолго.