Вулин: Црна Гора и Северна Македонија да се охрабрат и да проговорат за Голема Албанија

922

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин ги повика денеска Црна Гора и Северна Македонија „да се охрабрат и да проговорат за Голема Албанија како најголемо зло и закана за мирот на Балканот, што се заканува и на иднината и на нивните деца, а не само на српските“.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, реагирајќи на изјавата на претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели за градот Ниш како „албански град“, Вулин оцени дека се работи за „апсолутно неприфатливо ѕвецкање со оружје“ и дека ЕУ и НАТО имаат одговорност „да ја запрат Голема Албанија“.

– Ако Европа брзо не сфати дека голема Албанија е најголемото зло и најголема закана за мирот на Балканот, ќе дочека воениот пожар да се рашири низ целиот Балкан. Не дозволувајте не осудените терористи, бидејќи бегаат од казнување, да го запалат целиот Балкан. Одговорноста повеќе не е на Србија и на Србите. Ова се предупредувања кои повеќе не може да се игнорираат – изјави Вулин.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...