Спот за европските избори предизвикува контроверзии (ВИДЕО)

229

Видеоспот кој ги повикува граѓаните да гласаат на изборите за Европски парламент, за само две недели на интернет има околу 120 милиони прегледи, пред се на Фејсбук и на Јутјуб.

Дел од западните медиуми наведуваат дека видеото ја поделило јавноста. Додека едни се воодушевени, други со зачудени, бидејќи станува збор за избори за најбројното и најважното тело на Европската Унија. Наместо видео со хумор или изнесување сувопарни факти, стратегијата на Европарламентот, како што коментираат дел од европските медиуми, е да се погодат срцата на гледачите, за што сведочат над 300.000 реакции и над 100.000 споделувања на Фејсбук.

Имено, видеото под наслов „Избери иднина”, почнува со 15 жени кои се пораѓаат во различни европски земји и е проследено со снимки полни со болки и емоции. Во вториот дел, детски глас пренесува политичка порака, дека заедно, Европејците можат да градат мир, еднаквост, и заштита на човековите права и демократијата.

– Поради тоа гласаме. Денеска сум роден. Одбери ја Европа во којашто јас ќе пораснам – гласи пораката на штотуку роденото дете.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...