Осумтемина бараат Собранието во понеделник да им направи тест за дроги на пратениците

Пратениците повикуваат и другите политичари, актуелни и поранешни функционери, аднинистративни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници, да се придружат во тестирањето.

598

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе иницијатива до Собранието, сите пратеници доброволно да направат тест за (зло)употреба на наркотични средства. Бараат Собранието во понеделник, да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може ова да го спроведе.

„Предлагаме и другите политичари, актуелни и поранешни функционери, аднинистративни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници, да ни се придружат во намерата и на нашите граѓани да им дадеме добар пример во борбата против (зло)употребата на наркотични средства. Ги поттикнуваме сите вршители на јавни функции да го направат истото доброволно. Нашето мото е: Конкретни предлози и чекори за позадоволни граѓани“, се наведува во соопштението на Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...