Мадона пристигна во Израел со 30 тони опрема

1323
ФОТО: EPA / STRINGER

Товарен авион со 30 тони опрема, 70 скали и лифт за настапот на Мадона на финалето во Тел Авив пристигна во Израел.

Се очекува Мадона да изведи песната „Like a prayer“ и новата песна „Future“.

Раперот Кову, хор од 40 лица, 25 танчери и десетици корегорафи ја придружуваат Мадона за настапот во сабота.

Претходно објавивме оти таа ја имаше првата проба, без потпишан договор, но од денеска веќе нејзиниот настап стана и официјален, објави „Ерусалим пост”, коj додаде дека Мадона за својот настап од 20 минути ќе ја чини „Евровизија“ 1,5 милиони долари.

Според странските медиуми, Мадона со приватен авион слетала на меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ и се сместила во хотелот „Дан“, каде со тимот го „окупирале“ целиот петти кат.

ФОТО: EPA / STRINGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...