Српско семејство од пеколот: Терале тинејџерка да се проституира, поради неа заработувале милиони (ВИДЕО + ФОТО)

1135
ФОТО: Курир.рс

Четириесет и четиригодишната Јасмина Николиќ, нејзиниот 50-годишен сопруг Горан, 24-годишната ќерка Кристина, 19-годишниот син Мирољуб, како и нивниот 46-годишен возач Демири Бајрам биле уапсени поради сомение дека се занимавале со трговија со луѓе и терале 19-годишна девојка да се проституира со тројца мажи дневно.

Како што дознава „Курир.рс“, семејството ја терало несреќната девојка на проституција цели седум месеци, а парите кои клиентите ги плаќале, си ги земале за себе.

– Јасмина била мозокот на операцијата. Ја убедила девојката дека е нивна роднина и ја искористила нејзината лоша материјална состојба. Кога девојката отишла кај неа во куќата, таа смислила пеколен план, нејзините фотографии ги објавила на интертнет и нудела секс за пари – рекол извор за медиумот.

Според неговите зборови, просториите во кои девојката сексуално ги задоволувала муштериите биле адекватно опремени за тоа.

– Мермерни плочки со знак на познат моден бред, дневна соба полна со алкохолни пијалоци, а во спалната, која била највеќе користена, вистинска секс-атмосфера: пригушено светло, розеви завеси, а на големиот француски кревет плишано срце и мече. Еден ѕид во куќата семејството го посветило на икони на своите светци заштитници – додал изворот.

Како што тврди, Јасмина договарала состаноци со клиентите, а тинејџерката имала односи и со три мажи дневно.

– На злоставуваната девојка и се заканувале, од страв не можела да пријави – додал изворот.

Во друга акција, лисици на раце им биле ставени и на деверот на Јасмина, 42-годишниот Зоран Николиќ, 38-годишната Марина Радосављевиќ и 22-годишната Андријана Стојановиќ, кои исто така се занимавале со трговија на луѓе.

– Зоран во 2015 година, заедно со двете женски лица, терал малолетна девојка да се занимава со проституција. И таа била во тешка материјална состојба, па уапсените тоа го искористиле. Секој ден ја терале да се проституира, а муштериите ги наоѓала на мост. На ист начин во 2018 година принудувале и 29-годишна девојка – објаснил изворот.

ФОТО: Курир.рс
ФОТО: Курир.рс
ФОТО: Курир.рс
ФОТО: Курир.рс

Видеото погледнете го тука.

ФОТО: Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...