Османи: ОБСЕ суштински придонесе за демократијата во Македонија

86

Мисијата на ОБСЕ имаше важна улога во надминувањето на бројните предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Тој на денешната средба со амбасадорката на ОБСЕ, Нина Суомалаинен, по повод завршувањето на нејзиниот мандат и нејзиниот заминување додаде дека поддршката на ОБСЕ уште од самите почетоци на демократскиот развој на Македонија претставува нераскинлив дел од изградбата на демократското општество.

Османи изрази огромна благодарност личниот ангажман на Суомалаинен во Македонија.

– Мисијата на ОБСЕ имаше важна улога во надминувањето на бројните предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото – истакна Османи.

За време на разговорот соговорниците разменија податоци за поддршката и помошта која Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја обезбедува за Македонија во насока на исполнување на реформите и во останатите области како што се судството, медиумите, граѓанскиот сектори.

Во оваа насока тие изразија задоволство од досегашната соработка и заеднички изразија надеж дека поддршката и соработката меѓу ОБСЕ и Владата на Република Македонија ќе продолжи и во иднина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...