Црногорската полиција во близина на брегот на реката Буна, заплени 205 килограми марихуана шверцувана од Албанија.
Според информациите на црногорската полиција, граничната патрола патролирајќи по границата меѓу Албанија и Црна Гора во близина на реката Буна, забележала четири лица кои носеле торби, ги оставиле и избегале.
Полициите на двете земји спроведуваат истрага за утврдување на идентитетот и апсење на нарко-шверцерите, како и лицата кои требало да ја преземат дрогата.
Албанските медиуми пренесувајќи ја веста наведуваат дека зачестени се обидите за криумчарење марихуана од албанска на црногорска територија, главно преку реката Буна и Скадарско Езеро.
Деновиве албанската полиција спречи шверц на повеќе од 200 килограми марихуана, која требало да биде шверцувана на територијата на Црна Гора.
Криумчарите, наведуваат медиумите, не мируваат и во правец кон Италија и Грција каде од почетокот на годинава полициите заплениле повеќе неколку тони мархуана од Албанија.