Авион се урна во Дубаи, има загинати

Дошло до целосна хаварија и застој на еден од најпрометните аеродроми во светот.Набрзо потоа ситуацијата се нормализирала.

2530

Четири лица загинаа кога авион се урна во близина на аеродромот во Дубаи.

Според информациите, загинале три државјани на Велика Британија и еден државјанин на Јужна Африка.

Малиот авион удрил три милји јужно од пистата. Авионот е во сопственост на американскиот технолошки гигант Ханивел, а се срушил заради технички дефект.

Дошло до целосна хаварија и застој на еден од најпрометните аеродроми во светот.
Набрзо потоа ситуацијата се нормализирала.

Истрагата е во тек.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...