По гршка гостин уживал во вино од 4.500 фунти

Според винските експерти , од ова вино се произведени само 500 картони , вино бво кое бил вложен голем напор и има виолетово – црвена боја. Не е познато каква цена платил гостинот откако го испил шишето од скапото вино.

661

Среќен гостин во Манчестер не нарачал , но по грешка добил вино од кое едно шише чини 4 500 фунти.

Ресторанот „Хаксмор Манчестер” на Твитер објави како се надева дека гостинот уживал во вечерата , откако келнерот по грешка му послужил шише од виното Chateau le Pin Pomerol од 2001 година.

Ресторанот му ја простил грешката на келнерот со објаснување дека е можно да се случат такви грешки , а на гостинот му порачале дека „сепак го сакаат”. На социјалните мрежи ресторанот доби пофалби поради тоа што не го казниле келнерот.

Според винските експерти , од ова вино се произведени само 500 картони , вино бво кое бил вложен голем напор и има виолетово – црвена боја. Не е познато каква цена платил гостинот откако го испил шишето од скапото вино.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...